Итни мерки или блокади на улиците

0
413

Им порачаа на надлежните дека не се откажуваат од борбата за основното право на здрава животна средина и поставија ултиматум до 15 јануари одговорните институции да преземат реални мерки, во спротивно следуваат блокади на загадените градови.

MG_9398

„Сполајти со модерниот канцер кој се вдомил и му е убаво. Тука сум да си кажам себеси и нив дека е доста. Тука сум да го покажам мојот револт, гнев и страв, тука сум за мојот син кој не знае да се спротивстави на нивното безумие. Тука сум да ги потсетам оние кои поради партиски директиви не излегоа на протестот. Тука сум да им кажам дека нема да дозволиме да газат по нашите фамилии, бидејќи за нас се работи“, порача Иван Чулаковски од битолското здружение „За нас се работи“.

IMG_9401

Со протестот, граѓаните им посочија на надлежните дека препораките не водат кон никакви резултати, туку е потребен долгорочен план кој ќе го изготват и почитуваат Министерството за животна средина, власта и локалните самоуправи.