Итни мерки против загадувањето, предвремен распуст за учениците, користење јавен превоз, контроли…

0
762

Предвремено започнување на зимскиот распуст за учениците, намалување на цената на билетот во јавниот превоз, чистење на улиците, поголема контрола на инсталациите кои подлежат на А и Б интегрирани еколошки дозволи, препорача во петок министерот за животна средина Нурхан Изаири.

Тој уште препорача и мерка на сите правни субјекти (работодавци) во градот Скопје и општина Тетово за ослободување од работни обврски на хронични болни, бремени жени и лица постари од 60 години.

„Министерството за животна средина и просторно планирање во соработка со Град Скопје и општина Тетово и Државниот инспекторат, во период на алармантна состојба на загадувањето на амбиентниот воздух да воведат редуцирана работа на индустриските капацитети во соодветната единица на локалната самоуправа“, се вели во соопштението.

Понатаму се бара да сопрат градежните активности и да се ослободат работниците кои работат на отворено од работните обврски.

Покрај тоа, до граѓаните се препорачува да се користи јавниот превоз, возила да не се користат без поголема потреба, повеќе лица да се возат со едно возило во исто време, да не се користи за затоплување на простории прегорено отпадно масло, лакирани или обоени отпадоци од дрво и мебел, стиропор, ПЕТ амбалажа, парчиња гума и било каков синтетички материјал.

Препораките следат откако изминатите 10 дена во Скопје и Тетово, е забележано повеќекратно надминување на граничните вредности на ПМ 10 честичките. /крај/со/ст