Иван Џолев е новиот претседател на Кривичниот суд

0
464

Нов претседател на Кривичниот суд во Скопје е судијата Иван Џолев. За него гласаа 11 члена на Судскиот совет, а двајца беа против. Џолев е судија повеќе од осум години.

Покрај Џолев, во трката за претседател на Кривичниот суд беа и судиите Весна Димишкова, Оља Ристова, Ивица Стефановски, Ѓоко Ристов, Верка Петковска, Осман Шабани и екс претседателот Владимир Панчевски.