Иванов да ја преиспита својата одлука

0
424

Американскиот Стејт Департмент излезе со реакција за одлуката за помилување на Претседателот Ѓорге Иванов.

„Соединетите Американски Држави се длабоко загрижени по објавата на македонскиот претседател Иванов да ги помилува лицата за коишто се води истрага во врска со скандалот со прислушувањето. Ако се спроведе оваа одлука ќе ги заштити корумпираните функционери и ќе се негира правдата за народот на Македонија. Ова понатаму ќе го поткопа владеењето на правото, интегритетот на судските институции и кредибилитетот на лидерите во нивната заложба за фундаменталните вредности на НАТО и на Европската Унија“, се наведува во писменото соопштение од портпаролот на Стејт ДЕпартментот, Џон Кирби.

„Како пријател на Македонија, Соединетите Американски Држави силно го повикуваат Претседателот Иванов да ја преиспита својата одлука и да го пушти Специјалното Јавно Обвинителство, основано како дел од договорот од Пржино, да ги истражува сериозните обвиненија за владини злоупотреби и да им дозволи на судовите да си ја вршат својата работа. Иста така ги охрабруваме владата и партиите да продолжат да работат на реформите за зајакнување на демократските институции и враќање на Македонија на патот кон кредибилни избори и евроатланска интеграција“, стои во официјалната реакција од американскиот Стејт Департмент.