Иванов денеска на вонреден самит во Брисел за бегалската криза

0
323

Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов денеска во Брисел, на покана на претседателот на Европската комисија, Жан Клод Јункер ќе учествува на лидерскиот состанок посветен на приливот на бегалци низ балканската рута.

Целта на состанокот е усвојување на заеднички оперативни заклучоци поврзани со приливот на бегалци.

На лидерскиот состанок се поканети шефовите на држави или влади на Србија, Бугарија, Грција, Хрватска, Словенија, Унгарија, Романија, Австрија и Германија. Најавено е учество и на претседателот на Европскиот совет, актуелниот претседавач со Советот на ЕУ – Луксембург, како и високиот комесар за бегалци на ООН, соопшти кабинетот на македонскиот претседател.