Иванов ги прекина сите кривични постапки против лица од власта и опозицијата

0
403

Одлука со кој ќе потпише аболиција за сите политичари против кои се води истрага, против кои е покренато обвинение, како и за еден политичар кој отслужува затворска казна најави денеска претседателот Ѓорге Иванов.

Како што соопшти пред малку тој поднел општ акт за прекинување на сите кривични постапки против лица од власта и од опозицијата за, како што рече, зачувување на државните и националните интереси и ова го гледа како начин за излез од политичката криза.

Иванов посочи дека е уверен во исправноста на неговата одлука и е спремен да ги трпи сите критики по аболицијата.