Иванов, Грабар Китаровиќ и Пахор од безбедносни причини не ја посетија кота 59

0
382

Претседателите на Македонија. Хравтска и на Словенија, Ѓорге Иванов, Колинда Грабар Китаровиќ и Борут Паход, денеска и покрај најавата и нивно инсистирање, од безбедносни причини не го посетија граничниот камен 59 на македонско-грчката граница, по барање на полицијата.

Oд МВР велат дека во 11.30 часот околу 200 мигранти кои биле информирани за најавената посета од страна на тројцата претседатели, почнале да викаат и да го нарушуваат јавниот ред и мир и да се приближуваат кој македонската линија, со цел да го привлечат вниманието од европската јавност. Од страна на полицијата бил употребен солзавец за да дојде до нивно смирување.

Ситуацијата, посочуваат од МВР, е ставена под контрола, откако мигрантите биле информирани дека е откажана посетата на Иванов, Пахор и Грабар Китановиќ.

Без коментари

LEAVE A REPLY