Иванов ја одликуваше полицијата за справувањето со мигрантската криза

0
273

На годишнината од прогласувањето на кризната состојба поради мигрантската и бегалската криза, претседателот Ѓорѓе Иванов со Орден за храброст ги одликуваше Оделот за гранични работи и миграции и Единицата за обука и поддршка при МВР. Чувајќи ја границата од илеглна миграција, вие го зачувавте суверенитетот, неависноста и територијалниот интегритет на РМ, со што ја зацврстивте националната безбедност, порача Иванов.

Ордените се признание за подготвеноста и професионалноста на припадниците на МВР, при службата  на граѓаните и државата, посочи министерот Чавков.

Од прогласувањето на кризната состојба, па се до март годинава, граничната полиција, заедно со армијата успешно го менаџирала процесот на прифаќање, транзит и излез на над 760000 бегалци и мигранти. По затворањето на Балканската рута, над 22.000 мигранти биле спречени во обидот за илегален влез и транзит низ Македонија.