Иванов ја повикува Владата јавно да го објави договорот со Бугарија

0
316

Шефот на државата Ѓорге Иванов ја повикува Владата да го објави и образложи текстот на договорот за добрососедство со Бугарија пред негово потпишување.

Како што соопштија од неговиот Кабинет, тој смета дека отсуството на транспарентност предизвика негативни коментари и загриженост во јавноста која треба да се надмине со објавување на текстот на договорот пред неговото потпишување.

– Претседателот Иванов потенцира дека секогаш треба да се имаат предвид националните и државните интереси на Република Македонија и дека кој било меѓудржавен договор не смеe да бидe на штета на македонските национални интереси- се наведува во соопштението.

Без коментари