Иванов на Мечкин Камен, Груевски во Скопје, Вељаноски на Пелинце

0
403

За државниот празник – Илинден, претседателот Ѓорге Иванов, вечерва присуствува на свеченото отворање на научно културните средби „Десет дена Крушевска Република 2015” на плоштадот во Крушево.

На Денот на Републиката, претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов утре ќе присуствува на одбележувањето на државниот празник Илинден во Крушево, при што е предвидена посета на споменикот „Македониум“ и полагање свежо цвеќе на гробот на Никола Карев, претседател на Крушевската Република, полагање свежо цвеќе на споменикот на хероите на Слива, присуство на панихида во храмот „Свети Никола“ и во 12 часот свеченост во чест на Крушевската Република – Првата Република на Балканот, народен собир на Мечкин Камен, во чии рамки е предвидено полагање свежо цвеќе на споменикот на бранителите на Крушевската Република и обраќање на претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов.

По повод државниот празник 2 Август – Илинден, Денот на Републиката и Првото заседание на АСНОМ, владина делегација предводена од претседателот на Владата на Република Македонија, Никола Груевски, во чиј состав ќе бидат и министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска, и заменик министерот за информатичко општество и администрација Марта Арсовска-Томовска, утре ќе присуствува на одбележување на настаните во Скопје.

Во 11:00 часот ќе има положување свежо цвеќе на споменикот на АСНОМ, во 11:15 часот, положување свежо цвеќе на споменикот на Никола Карев и во 11:30 часот, положување свежо цвеќе на споменикот на Методија Андонов Ченто, каде е предвидено обраќање на премиерот Никола Груевски.

Делегација на Владата на Република Македонија во состав Владо Мисајловски, министер за транспорт и врски, Беким Незири, министер за економија, Драган Недељковиќ, заменик министер за култура и Ибрахим Ибрахими, заменик министер за труд и социјална политика, утре  во 10:00 часот, ќе присуствува на прославата на 2 Август – Илинден која ќе се одржи во Меморијалниот центар Пелинце.

Делегација на Владата на Република Македонија во состав Зоран Јолевски, министер за одбрана, Џери Наумоф, министер за привлекување странски инвестиции и Ванчо Костадиновски, заменик министер за земјоделство, шумарство и водостопанство утре ќе присуствува на одбележувањето на празникот во Крушево.

Претседателот н Собранието Трајко Вељаноски ќе присуствува на чествувањето во меморијалниот центар на АСНОМ во Пелинце.