Иванов на Самит на Процесот за соработка во ЈИЕ во Софија

0
477

Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов од денеска ќе престојува во дводневна работна посета на Република Бугарија, по повод учеството на Самитот на шефови на држави и влади на земјите членки на Процесот за соработка во Југоисточна Европа.

Македонскиот претседател денеска во Софија ќе има средба со претседателот на Бугарија Росен Плевнелиев, а во текот на утрешниот ден и со бугарскиот премиер Бојко Борисов.

Претседателот Иванов утре во Софија ќе учествува на Самитот на шефови на држави и влади на земјите членки на Процесот за соработка во Југоисточна Европа, што се одржува во рамки на бугарското претседателство со оваа регионална иницијатива.