Иванов нема да се сретне со Билт

0
846

Шефот на државата, Ѓорге Иванов нема да го прими поранешниот премиер и министер за надворешни работи на Шведска, Карл Билт кој е во посета на Македонија.

„Во агендата на претседателот не е предвидена таква средба“, посочуваат официјално од неговиот кабинет.

Билд на својот Твитер профил најави дека денеска доаѓа во Скопје.

Неофицијално до средба Иванов – Билт нема да дојде пред се поради непринципиелните ставови и крајно необјективниот пристап на Билт во врска со внатрешната политичката ситуација, но и поради неговиот директен обид за мешање во внатрешните работи на Македонија.