Иванов: Очекувам граѓаните да покажат зрелост и да ја унапредат демократијата

0
348

По гласањето на избирачко место во гимназијата „Јосип Броз-Тито“, претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов изјави дека очекува овие локални избори да поминат во мирна, демократска и фер атмосфера.

– Денес кога се избира локалната власт, граѓаните може да ги изберат оние што за време на изборните кампањи им понудиле дека ќе им го подобрат нивниот живот и услови за живот, бидејќи реалниот живот секојпат е на локално ниво и граѓаните очекуваат тие што ќе ги изберат да им го подобрат квалитетот на животот – рече Иванов.

Иванов очекува зрелост кај граѓаните.

– Очекувам и овие избори, како и сите досегашни, да покажат зрелост кај граѓаните и да покажат дека, како одиме во секои избори, така напредуваме и ја збогатуваме демократијата и понудата за граѓаните – рече претседателот.

http://novamakedonija.com.mk