Иванов-Свинг: ИОМ високо го цени ангажманот на Македонија во мигрантската криза

0
336

Maкедонија изрази подготвеност за вклученост во идните активности на Меѓународната организација за миграција (ИОМ) и продолжување на соработката согласно потребите на државата. Генералниот директор на ИОМ на покана на Република Македонија ќе ја посети Република Македонија. Ова беше речено на денешната средба на претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов со Вилијам Лејси Свинг, генерален директор на ИОМ.

Средбата е дел од работната посета на Иванов на Јордан и учеството на Светскиот економски форум за Блискиот Исток и Северна Африка.

Двајцата соговорници разменија мислења за соработката меѓу Република Македонија и ИОМ, како и за активностите на организацијата на регионално и на глобално ниво.

Претседателот Иванов изрази благодарност за досегашната соработката што Република Македонија ја остварува со ИОМ, особено за поддршката во справувањето со мигрантската криза. Свинг изрази задоволство од односот и третманот на Република Македонија кон бегалците и мигрантите, согласно сите меѓународни стандарди и ги поздрави начините на кои земјата се справува со мигрантската криза.

Претседателот Иванов денеска учествува на Светскиот економски форум за Блискиот Исток и Северна Африка во Аман, каде ќе оствари повеќе билатерални средби, соопшти кабинетот на претседателот.

mkd.mk