Иванов во Битола на светска конференција за меѓурелигиски и меѓуцивилизациски дијалог

0
561

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов,  во Битола, ќе се обрати на отворањето на Четвртата светска конференција за меѓурелигиски и меѓуцивилизациски дијалог.

Четвртата светска конференција за меѓурелигиски и меѓуцивилизациски дијалог на тема „Миграцијата и предизвикот на интеграцијата преку дијалог помеѓу религиите и културите“ ќе се одржи од 3 до 5 ноември во Битола во рамките на Глобалната агенда на Обединетите нации и УНЕСКО за дијалог меѓу цивилизациите и Декадата на УНЕСКО за помирување на културите.