Иванов во Париз се сретна и со Ципрас

0
659

Претседателот Ѓорге Иванов на маргините на самитот за климатски промени во Париз се сретна со грчкиот премиер Алексис Ципрас. Двајцата лидери се договориле да продолжи дијалогот на мерките за градење на доверба меѓу двете земји. Како што информираа од неговиот кабинет, тие разговарале и за мигрантската криза. Ова е втора средба меѓу Иванов и Ципрас во последниов месец. Претходно, претседателот Иванов, оствари среди и со претседателите на Србија, Црна Гора, Албанија и Австрија.