Иванов во Рим на „Македонија во чест на Свети Кирил“

0
402

Претседателот на Македонија Ѓорге Иванов престојува во Ватикан по повод манифестацијата „Македонија во чест на Св. Кирил“. Тој денеска ќе има аудиенција кај Поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциско, а ќе оствари средба и со државниот секретар на Светиот Престол, кардиналот Пјетро Паролин. Иванов вчера ја посети базиликата „Свети Климент“, каде што положи венец на гробот на Свети Кирил, а ја посети и базиликата „Сан Паоло“.