Иванов-Вучиќ: Отворените прашања да не се политизираат

0
407

Сите прашања меѓу двете земји околу кои постојат различни мислења треба да се решаваат зеднички преку дијалог. Да не дозволуваме тие прашања да влијаат на односите меѓу двете држави, затоа што, сепак, ние сме соседи и што и да се случи остануваме да живееме на овој простор и мора како добри соседи да создаваме добри практики за идните поколенија, порача претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, по денешната билатерална средба со српскиот претседател, Александар Вучиќ во Белград.

Од Кабинетот на претседателот соопштија дека Иванов и Вучиќ имале конструктивна средба и биле согласни дека отворените прашања не треба да се политизираат.

– Сите отворени прашања мора да ги разгледуваме преку дијалог и надлежните институции да наоѓаат решенија. Kаде настанувааат проблемите, таму да се наоѓаат и решенијата. Да не ги политизираме и да не им даваме посебно значење на прашањата кои се во надлежност на институциите, изјави Иванов.

Од Кабинетот на претседателот Иванов соопштија дека на прашањето дали двајцата претседатели разговарале за промовирање на идејата за заеднички регионален пазар, Иванов изјави дека тоа ќе биде во надлежноста на двете Влади.

– Тоа е во интерес на целиот регион. Ние во минатото сме имале заеднички пазар, ги знаеме бенефитите од сето тоа, и која е користа за нашето стопанство, така што се надевам дека владите од регионот, како што Брдо Бриони процесот на ниво претседателите ги промовира тие идеи за зближување и отварање на просторот, така и премиерите на нивната идна средба во Трст сигурно конкретно ќе разговараат за реализација на таа иницијатива, изјави македонскиот претседател.

Претседателот Иванов изјави дека Македонија и Србија како две соседни земји своите односи мора да ги гаат во духот на пријателството и меѓусебна соработка. Иванов додаде дека на средбата двајцата претседатели раазговарале и за можностите за продлабочување на економската и трговската соработка, како и за прашања од доменот на културата.

Иванов оствари и неформална средба со досегашниот српски претседател, Томислав Николиќ.

 

http://makfax.com.mk