Иванов жали за политичката криза и ги советуваше странските дипломати

0
625

Прием за дипломатскиот кор во Македонија, претседателот Ѓорѓе Иванов организираше вечерва во Битола.

Во своето обраќање зборуваше и за политичката криза во земјава и странското посредување.

„ Благодарен сум за заложбите на еврокомесарот Јоханес Хан за спроведување на политичкиот оговор, и ја поздравувавм подготвеноста на Европската унија да обезбеди целосна поддршка и гарантирање на слободни и фер избори. Но, имајќи го предвид словото и духот на Виенската конвенција, очекувам кон ова прашање да се однесувате со особено внимание, за вашите добронамерни чекори да не бидат погрешно протолкувани од граѓаните“ рече Иванов.

-Како претседател жалам што политичкиот дијалог излезе од институционалните рамки. Неодговорното однесување на политичките лидери доведе до длабока политичка криза  што ја разниша довербата на граѓаните во институциите на државата. Морам да истакнам дека сум непријатно изненаден  и од несериозното однесување и немањето чувство за државност кај некои од лидерите на политичките партии“ рече претседателот Иванов.

Snap 2016-01-22 at 23.37.01

Согласно воспоставената практика дипломатскиот прием да се одржува надвор од главниот град, годинава дипломатите ќе имаат можност да се запознаат со историските, економските и културните карактеристики на општина Битола.

Според програмата, утре во претпладневните часови, во Инфо – центарот „Пелистер“ е предвидено да се одржи презентација за природните и туристичките карактеристики на Националниот парк Пелистер, додека во хотелот „Молика“ ќе се одржи презентација за инвестициските можности на општина Битола, од страна на градоначалникот на Општина Битола, Владимир Талески.

Изминатите години, покрај Битола, дипломатскиот прием беше приреден и во Крушево, Гевгелија и во Берово.

Snap 2016-01-22 at 23.36.24