Иво Котевски од МВР во ВМРО-ДПМНЕ

0
508

Досегашниот помошник министер за односи со јавност во МВР Иво Котевски заминува од министерството во ВМРО-ДПМНЕ.  Котевски потврди дека ќе ја заземе позицијата директор на Центарот за комуникации во партијата.  Таа позиција е испразнета по последните парламентарни избори кога дотогашниот директор на центарот Илија Димовски стана координатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

Иво Котевски во МВР е од 2006-та година кога беше назначен за портпарол, а потоа стана и помошник министер во Одделот за односи со јавност.