Избегнат судар на воз полн со мигранти кај „Криволак“

0
372

Воз полн со мигранти кој сообраќал од Гевгелија кон Табановце, денска за малку ќе се судрел со друг празен воз кај станица „Криволак“. Инцидентот, при кој што е избегната голема несреќа, се случил во 13.20 часот, кога возот со број 914 го поминал влезниот сигнал во станицата, но не застанал на време и влетал на исти коловоз со друг воз кој сообраќал на спротивна страна и се движел од Скопје кон Гевгелија за утовар на мигранти.

Генералниот директор на МЖ „Транспорт“, Никола Костов,  го негира инцидентот, и во телефонски разговор за Нетпрес вели дека такво нешто денеска воопшто се нема случено.