Избирачкиот список ќе биде објавен на 25 април

0
421

Конечниот избирачки список ќе биде објавен на 25 април, соопштуваат од Државната изборна комисија (ДИК) од каде испратија роковник за планираните активности во наредниот период, се до одржување на изборите.

Според истиот, од денот на објавување – 25 април, па во рок од 15 дена, граѓаните ќе можат да проверат дали се на избирачкиот список или не.

Од роковникот станува јасно дека и дијаспората ќе учествува на овие избори. Имено, од ДИК известуваат дека пријавувањето за гласање на македонски државјани кои живеат во странство ќе трае најдоцна до 9-ти мај. Министерството за надворешни работи пак, во рок од пет дена треба да достави податоци за дипломатите, вработените во дипломатско- конзуларните претставништва. Освен дипломатско –конзуларните претставништва, податоци за вработените во државната, општинската и јавната администрација треба до ДИК да достави и Министерството за информатичко општество и администрација.

Доколку се тече по планираното, Избирачкиот список треба да се заклучи на 19 мај. Партиите пак, своите кандидатски листи ќе треба да ги достават до 11 мај, а Изборната кампања започнува од 16 мај, соопштуваат од ДИК.

Според досегашните информации од ДИК, од избирачкиот список ќе бидат избришани 1.135 починати лица.