Избирачкиот список на увид пред јавноста

0
437

Од денеска до 9 мај граѓаните ќе можат да проверат дали нивното име се наоѓа во Избирачкиот список, кој денеска е ставен на увид и во подрачната единица на ДИК во Битола. Увидот ќе можат граѓаните да го направт од 8.30 до 19 часот .

-Пожелно проверка да направат оние граѓани кои што ја промениле адресата на живеење, граѓаните кои што нивни блиски починале и со себе да донесат посмртница, изјави Стефан Чекутков ДИК-Битола

Увид граѓаните можат да направат и на интернет страницата на Државната изборна комисија. Во наредните 15 дена граѓаните ќе можат да ги проверат податоците со внесување на матичниот број и кодот што ќе се појави.

Исто така ДИК преку МНР треба да ги достави посебните изводи од Избирачкиот список до дипломатско конзуларните претставништва на увид за лицата на привремена работа или престој во странство.

Во рок од пет дена од денот на завршувањето на јавниот увид, Избирачкиот список го доставува до политичките партии. Партиите во рок од пет дена односно до 19 мај до ДИК треба да достават барање за запишување, дополнување или бришење податоци од Избирачкиот списпок. По нивните барања ДИК треба да одлучи во рок од три дена од приемот на барањето.