Избирачкиот список со фотографии на гласачите

0
569

На избирачкиот список за следните избори, кога и да се одржат, покрај имињата на гласачите ќе стои и фотографија идентична со фотографиите од личните карти што се во базата на податоци на Министерството за внатрешни работи, информираат  од Државната изборна комисија (ДИК).

Министерството за внатрешни работи веќе и ја испратило на Државната изборна комисија целата база со фотографии на граѓаните од личните карти. Информатичките инженери во ДИК интензивно работат на изработка на специјална апликација со фотографии од граѓаните со право на глас, која треба да биде вградена во Избирачкиот список.

Апликацијата со фотографии ќе биде достапна на денот на изборите.