Избори до крајот на годината се невозможни

0
402

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети во интервју за тетовската тв Арт вели дека до крајот на оваа година невозможно е да се организираат и спроведат избори.  Тој потенцирал дека лидерската четворка има договор датумот за избори да го прецизира до декември.

„Договорено е со почетокот на декември да има согласност од страните кога ќе треба да се одржат изборите. Дали ќе се одржат во 2018 или 2017, тоа не можам да го прогнозирам. Годинава незвоможно е да има избори, бидејќи за да има избори наесен, до 1 јули треба да имаме влада за организирање на изборите, а тоа е невозможно да се случи.“ – вели во интервјуто Ахмети.