Изборите ќе бидат наместени а Хилари е ѓавол

0
385

Републикански кандидат за претседател на САД Доналд Трамп изјави дека изборите во ноември може да бидат „наместени“. На митингот во Колумбус, Охајо тој рече дека слуша “сѐ повеќе и повеќе“ дека трката ќе биде нефер. Не даде докази за тоа.

„Искрено, страв ми е дека изборите ќе бидат наместени. Треба да бидеме внимателни на 8 ноември“, рече Трамп, а подоцна во интервју на Фокс го повтори истото: „Се надевам дека републиканците ќе следат што се случува, или ќе ни ги земат изборите“.

На друг настан тој ја нарече „ѓавол“ демократската ривалка Хилари Клинтон. Трамп го нападна и Берни Сандерс поради тоа што „капитулирал“ и ја поддржал Клинтон.

„Направи договор со ѓаволот. Таа е ѓавол“, рече Трамп.

И републиканците и демократите го осудија Трамп за навредите што ги кажа за родителите на американскиот муслимански војник кој загина во Ирак на 27 години при експлозија на автомобил-бомба во 2004 и постхумно е одликуван со највисокиот орден.