Изборите се единствен излез од политичката криза

0
335

Изборите се единствен излез од наметната политичка криза од страна на опозицијата, ВМРО-ДПМНЕ ги посакува и е подготвена за нив, но за да тие се случат потребно е обврзување од страна на опозицијата дека сите услови за избори се исполнети, нема пречки за нивно одржување и дека ќе учествуваат на истите, со цел да не се создаваат нови изговори за нивно ново одложување, порачал лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, на средбата со помошникот државен секретар на САД за европски и евроазиски прашања во Стејт Департментот, Викторија Нуланд.

На средбата се разговараше за актуелните политички предизвици, модалитетите за надминување на политичката криза како и стратешкиот интерес на Македонија за членство во НАТО Алијансата. Соговорниците се сложија дека суштински важно е излез од политичката криза, за што е потребен ангажманот и придонесот на сите политички чинители во постигнување на решенија кои ќе внесат доверба во процесите, соопштија од партијата на власт.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски посочил дека изборите се единствен излез од наметната политичка криза од страна на опозицијата, дека ВМРО-ДПМНЕ ги посакува и е подготвена за нив, но и го посочи фактот дека за да тие се случат потребно е обврзување од страна на опозицијата дека сите услови за избори се исполнети, нема пречки за нивно одржување и дека ќе учествуваат на истите, со цел да не се создаваат нови изговори за нивно ново одложување.

„Беше истакнато дека од страна на ВМРО-ДПМНЕ врвен интерес е напредок во интеграциските процеси, членство во НАТО алијансата како и спроведување на интензивната реформска агенда поврзана со ЕУ која подразбира дополнително унапредување на состојбите и критериумите во повеќе сфери, како и законските решенија кои се предложени од страна на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ“, соопштија од партијата./крај/мф/бб