Изборите се можни, ако партиите останат посветени на договорот

0
400

Еврокомесарот Јоханес Хан е уверен дека може да се одржат избори на 24 април, доколку сите партии останат посветени на исполнувањето на договорот од Пржино од јуни-јули.

-Вечерва тројца од четворицата лидери беа сложни за датумот и гарантираа исполнување на обврските. Постои демократска определба за одржување на избори бидејќи има посветена влада и силна опозиција. Европската унија силно ќе ги надгледува изборите преку свои претставници и од европски институции. Досега се е хипотетички дали ќе се исполни договореното, изјави Хан.

– Земјата е во многу тешка состојба. Она што го видовме во 2015 година продолжува и во 2016 година. Сметам дека владата, политичката елита и Парламентот треба да обрнат внимание на оваа многу сериозна ситуација од која е засегната и економијата на земјата и нејзината евроатланската перспектива. Денеска сфатив дека не е можно да се постигне договор помеѓу сите политчки партии за одржување на избори на 24 април. Очекувам сите политички партии да се држат до договорот потпишан на 2 јуни/15 јули. Ги уверив сите партии дека европските институции се тука да и помогнат на земјата. Сакам да го уверам секој граѓанин дека без разлика што ќе биде конечната одлука на политичките партии кога да биде датумот за предвремени избори ние ќе помогнме во организацијата и дека ќе ја надледуваме ситуацијата за време на изборите , изјави Хан кој најави дека повторно ќе дојде во Македонија.