Изборите треба да бидат во април, во јули е самитот на НАТО и Рамазан

0
412

ДУИ цврсто стои на ставот дека изборите треба да се одржат на 24 април. Не треба да се пролонгираат бидејќи може да има и тензии во државата, вели лидерот Ахмети.   Пред најтесното раководство на партијата, тој предупреди дека во јуни државата ќе се соочи со големи предизвици- Самитот на НАТО во Полска во јули и зголемениот прилив на мигрантите – а без институционална организација, вели  не може да ги изменаџираме овие ситуации.  Шефот на интегративците  истакна дека  неговите гласачи не сакаат да прифатат друг датум за избори, бидејќи во јуни се подготвуваат за рамазански пости.

Имаме проблем со името и за членување во НАТО треба  да се преговара, ако датумот се помести ќе го изгубиме самитот на НАТО. И не можеме да прифатиме друг датум, бидејќи нашиот електорат го чека и постење во јуни се рамазанските пости, изјави Али Ахмети
Ахмети  вели дека партиите ќе ја прифатат меѓународната поддршка за да се спроведат реформите во медиумите.  И порача на специјалната обвинителка да биде поактивна и да го реши случајот со прислушувањето.
Треба да му дадеме простор  на СЈО да работи професионално и да има резултат. Сите документи во илегалната фабрика, државните институции да бидат вклучени и да кажеме доста со фалсификати. Опасно е што овие материјали се наоѓаат во раце на луѓе што не и посакуваат добро на Македонија, изјави Али Ахмети