Изборни измами во САД – Уапсена поддржувачка на Трамп

0
288

Претстојните претседателски избори во САД има сомнежи дека ќе бидат највалканите во историјата со над 1 милион регистрирани мртви гласачи, како и речиси 10 милиони гласачи кои се двојно регистрирани во две или повеќе сојузни држави.

Проблемот кој го наметна Доналд Трамп сега се сврти против него бидејќи негова поддржувачка од Ајова е уапсена бидејќи два пати гласала за него, првиот пат во изборната канцеларија во Полк округот, а потоа и во локалното место на гласање. Таа ќе се соочи со обвинение за изборни нерегуларности. Сега има стравување дека ваквиот принцип на двојно гласање може да биде злоупотребен.

Самиот Трамп најави дека за прв пат во историјата нема да ги признае изборните резултати ако изгуби со што во опасност се доведува стабилноста на земјата и се суспендира демократијата.