Изборните реформи да се спроведат до изборите во април

0
354

Еврокомесарот Јоханес Хан на денешната посета на Собранието, при работата на Националниот совет за евроинтеграции, истакна дека во ова тешко време, Европа и Македонија се соочуваат со огромен прилив на мигранти, односно мигрантска криза која бара европско решение.

Хан истакна дека ЕУ обезбедила хуманитарна поддршка за Македонија и посочи дека Унијата и била на располагање на земјава за било каква помош. Еврокомесарот Хан вели дека главна цел на неговата посета бил влезот на земјава во ЕУ, но дека ова сепак не била “успешна приказна“ поради отсуството на дијалог и политичката криза.

Тој го поздрави враќањето на опозицијата во Парламентот, новоизгласаниот Закон за специјален обвинител и повика да се спроведат реформи како владеењето на правото, а изборните реформи да се спроведат до изборите, кои пак Европската комисија директно ќе ги набљудува, и истакна дека овој период е од суштинско значење за Република Македонија, особено поради Извештајот за напредокот кој следи.

Без коментари

LEAVE A REPLY