Изборот на Комисијата за импичмент на пленарна седница

0
384

Пратениците на денешната 103. пленарна седница во Собранието треба да одлучуваат за формирање Комисија за импичмент на претседателот Ѓорге Иванов, поради неговата одлука за аболиција на политичари и нивни соработници.

Оваа точка не беше дел од дневниот ред, што службата за односи со јавност на Собранието, ја достави утрово до медиумите, за подоцна да биде додадена, како надополнување на агендата на Законодавниот дом.

Доколку пратениците ја изгласаат одлуката за формирање на „Комисијата за оценување на основаноста на Предлогот за покренување постапка за утврдување одговорност на претседателот на Република Македонија“, таа за седум дека треба да изготви извештај за основаноста на предлогот на опозицијата за импичмент и да го достави до претседателот на Собранието Трајко Вељановски.