Изборот на Тачи за претседател на Косово ја зајакнува позицијата на Србија

0
355

Косовската опозиција оцени дека изборот на Хашим Тачи за претседател на Косово  ја зајакнува позицијата на Србија кога е во прашање Косово.
Претседателот на Самоопределување Висар Имери изјави дека изборот на Тачи за претседател  е поврзан и со давање на гаранции на Србите на Косово.

За Имери, изборот на Тачи дојде како резултат на  силен притисок на дел на пратениците на Демократскиот сојуз на Косово, но и како резултат на поддршката на српските пратеници  при гласањето  за Тачи.

Опозицијата ќе ги продолжи своите протести и по изборот на Тачи за претседател. Таа ќе бара предвремени избори  бидејќи  потпишаната заедница на српските општини во Косово и договорот  за поместувања на границата со Црна Гора се на штета на Косово, вели Имери. /крај/мн