Изборот на Трамп би претставувал “опасност по државата“

0
409
Генералот Мајкл Хејден, поранешен директор на Централната разузнавачка агенција – CIA, го критикувал републиканскиот претседателски кандидат Доналд Трамп, истакнувајќи дека неговиот избор би претставувал “опасност по државата”.

“Доналд Трамп има голема поддршка од републиканското избирачко тело, и тоа е факт. Но внимавајте, тој човек е опасен. Тој е константно бесен, вика на говорницата, се заканува… и што најлошо, и тие кои го поддржуваат се подеднакво бесни. Искрено, доколку тој човек победи, би бил преплашен”, рекол Хејден за BBC.

Поранешниот шеф на ЦИА потсетил на расистичката реторика на милијардерот.

“Неговата приказна за кревање на ѕид, иселување на 12 милиони Мексиканци “силувачи и дилери” е страшна. Тој е радикален. Америка е гостопримливо општество. Ние можеме да ги асимилираме мигрантите во своето општество. Па, ние сме општество изградено од мигранти”, истакнува генералот.