Избрана техничката влада на Димитриев

0
544

Собранието на Македонија, без присуство на пратениците од опозицијата, ја избра новата техничка влада на мандатарот Емил Димитриев.

– Граѓаните се тие кои одлучуваат, а ние треба и ќе продолжиме да работиме за нив, за нашата земја Македонија и за нашата заедничка иднина. Ние ја имаме одговорноста пред граѓаните, и во вакви сложени времиња, не отстапуваме, продолжуваме одговорно, достоинствено, со чесна намера, и во интерес на граѓаните и на Република Македонија. Имаме историска одговорност, сите ние да се вклучиме во еден нов почеток, во еден нов циклус кој ќе изобилува со позитивна енергија и пристап
Граѓаните од нас очекуваат одлуки и обезбедување на нивната иднина и наша обврска е тоа да им го овозможиме – рече Димитриев.