Избрани 15-те заменици министри, Чакаровски за здравство

0
1519

Со 62 гласа „за“ Собранието го изгласа предлогот за избор на земеници министри во Владата. Гласаа вкупно, 67 пратеници, од кои пет од партијата Беса беа воздржани. Замениците министри беа изгласани без присуство на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ.

За заменик министер за одбрана е избран Беким Максути, за внатрешни работи Агим Нухиу,  во Министерството за правда оди Оливер Ристовски, во Министерството за надворешни работи Арта Точи, во Министерството за финансии Ширете Елези, а во Министерството за економија Кире Наумов. Власте Димковиќ е заменик министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, Гоце Чакаровски за здравство, Висар Гани за образование и наука, Елми Азири за труд и социјална политика, Дејан Павлески за локална самоуправа, Владимир Лазовски за култура, Александар Бајдевски за информатичко општество и администрација, Ремзи Мехмеди за транспорт и врски, а Јани Макрадули заменик министер во ресорот животна средина и просторно планирање.