Издадени 300 налози за апсење на гардистите на Ердоган

0
641

Турските власти издадоа во петок 300 налози за апсење на припадниците на гардата на претседателот Реџеп Тајип Ердоган, една недела по неуспешниот пуч во земјата.
Министерот за внатрешни работи Ефкан Ала ги поништи пасошите на 10.856 уапсени лица, за кои постои сомнение дека би можеле да побегнат од Турција, каде што во тек е бран апсења.

По неуспешниот пуч уапсени се над 10.000 луѓе, а 55 илјади се отпуштени или суспендирани.

Најмалку 256 луѓе загинаа за време на обидот за воен удар, изведен на 15 јули.