Издадени над 12 илјади потврди за барање азил

0
206

Министерството за внатрешни работи соопшти дека од донесувањето на измените на Законот за азил на 19 јуни, до 13 јули во 8 часот, се издадени потврди за барање на азил на 12.175 странски државјани. Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија, а потоа следуваат Авганистан, Ирак, Пакистан итн. Од започнувањето на издавањето на потврдите до 13 јули до Одделението за азил се поднесени 32 барања за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда, при што 23 барања се од државјани на Сирија за азил од нив шест за деца, потоа три барања од државјани од Пакистан, по две барања од државјани од Мароко и Алжир и по едно барање од државјани од Египет и Ирак.