Издадени нови 1.031 потврда за барање азил

0
273

Изминатите 24 часа на вкупно 1.031 странски државјани им се издадени потврди за поднесување барање за признавање право на азил. Од нив, 489 се машки, 198 женскии 344 деца кои го придружуваат носителот на потврдата. Како што соопшти МВР, според државјанството, најбројни се лицата од Авганистан, 441, Сирија, 436и Ирак, 154.

12509146_1073084596055313_8952327883605983888_n

Од почетокот на оваа годинаиздадени се потврди на вкупно 37.835 странски државјани. Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-18.716, Авганистан-12.286 и Ирак-6.830.

12509560_1073084639388642_106106013489516692_n