Изедначени и неизвесни Куп полуфиналиња не очекуваат вечерва

0
420

Денес во Гевгелија ќе се одиграат полуфиналните дуели од завршницата на кошаркарскиот куп на Македонија во машка и во женска конкуренција. Во првото полуфинале се среќаваат Карпош Соколи и Куманово, додека веднаш по нив за финале ќе играат и Кожув и МЗТ Скопје А.

На завршниот турнир денеска се играат и полуфиналните дуели во женска конкуренција. Први на паркетот ќе истрчаат кошаркарките на Бадел и Клубски, а по нив и Лотос и Студент.

За денеска се очекува голема битка и на двете полуфинални средби во машка конкуренција. Прашање е дали Кожув како домаќин ќе биде подготвен да го изненади тимот на МЗТ Скопје А. Финалните натпревари се на програмата утре.