Изгаснат пожарот на фасадата на ЕВН

0
493

Пожарот што ја зафати фасада на зградата на ЕВН е изгаснат. Допрва ќе добиете информации за причината и материјалната штета од пожарот, информира за МКД.мк Благоја Менковски, командир на Противпожарната бригада од Скопје.

„Се работеше за пожар што ја зафати надворешната фасада на објектот. Во гасењето на пожарот учествуваа 8 возила и 18 пожарникари на противпожарната бригада“, вели Менковски.

Претходно, минувачите и присутните на терен можеа да забележат како гори платното со кое е покриено скелето за правење на новата фасада на зградата. Црниот чад од огнената стихија се забележуваше низ голем дел од централното подрачје, но и подалеку низ другите населби низ Скопје.

Инаку, моментално се реконтруира фасадата на стариот објект на компаниите ЕВН и ЕЛЕМ, која ќе биде во „барок“ стил. Поради рефасадирањето на заедничкиот објект, компаниите уште во 2014 година до општина Центар испратија барање за отстранување на времените објекти – сендвичарниците кои се наоѓаа во близина. Меѓу објектите беше и култната скопска сендвичарница „Чичко Стоилко“, која со децении се наоѓаше на оваа локација.