Изгаснат пожарот над населбата Свињиште

0
562

Пожарот кој што вчера се случи на битолскиот Баир ТППЕ заедно со мештаните го изгаснаа во 18 часот и 30 миути.Вчера после 13 часот забележан беше пожар на десната страна од ридот кај манастирчето Св.40 Маченици . Во 13 часот од страна на граѓани жители на улицата 7 Јули било пријавено во СВР Битола дека гори ридот према населбата Стрелиште. Денеска командирот на ТППЕ во Битола Костадин Поповски рече дека пожарот настанал кај населбата Свињиште и се ширел кон манастирчето Св.40 Маченици.  ТППЕ интервенирала со 4 противпожарни возила и 12 пожарникари и со помош на локалните жители пожарот го изгаснале во 18 часот и 30 минути. Горела трева. Се претпоставува дека причина за пожарот е носовеноста на населението .