Изгоре автобус на Стража

0
1566

фото: Телеграф.мк.

Патнички автобус денеска попладне изгоре во близина на Стража. Како што велат очевидци, патниците исплашени и во паника стоеле на патот и чекале да дојде друго возило што ќе ги пренесе до нивните дестинации.

Портпаролот на СВР-Охрид, Стефан Димоски, соопшти дека денеска попладне околу 17 и 30 часот на патот Кичево-Гостивар во близина на Стража изгорел автобус со српски регистерски таблички. Во автобусот имало 50 патници, но за среќа нема повредени. Пожарот настанал од моторот на автобусот.

– Пожарот започнал од моторот и го зафатил целиот автобус. Веднаш откако возачите забележале дека гори, смирено и брзо ги извадиле сите патници на безбедно. Огнот се проширил и го зафатил цел автобус. Во пожарот изгореле и куферите и документи на патниците – изјави Димоски за Телеграф.мк.