Изгоре фабрика за брикети во Кавадарци

0
769

Целосно изгоре фабриката за производство на брикети, сопственост на „Кабран амбалажа“ лоцирана во поранешниот ДИК „Страшо Пинџур“. За среќа, повредени од страотниот пожар нема.

Од пламените јазици целосно настрадале машините, халата и произведените брикети. Дополнително ќе се утврдува причинетата материјална штета, а според сопственикот, само машините чинеле стотина илјади евра. Опожарената фабрика не била осигурана.

Во гасењето на пожарот покрај кавадаречката територијална противпожарна единица, која интервенирала со пет пожарникари и две возила, на помош дошле и пожарникарите од „Кожувчанка“ и „Фени индустри“, како и од ТПЕ Неготино.

Акцијата на пожарникарите за гасење на пожарот траела два часа, информираше командирот на ТПЕ Кавадарци, Илчо Богевски.