Изгубивме од Франција

0
394

Македонија прикажа одлична игра, но не успеа да приреди сензација на отворањето на Европското Првенство во Полска, губејќи од бранителот на трофејот Франција со 30-23. Конечниот резултат е апсолутно нереален ако се знае дека „црвено-жолтите“ 50 минути беа апсолутно достоен ривал на најдобрата светска репрезентација.

Кире Лазаров беше најефикасен со девет погодоци, Манасков постигна пет, а Георгиевски четири, Миркуловски беше стрелец на два гола, додека Стоилов, Кузмановски и Прибак по еднаш се запишаа меѓу стрелците. Најефикасни кај „триколорите“ беа Сорендо со шест и Порт со пет погодоци.

Македонија вториот меч на овој европски шампионат го игра в недела против домаќинот Полска.

Без коментари

LEAVE A REPLY