Изјавата на Грабар Китаровиќ дека „Олуја“ ги растоварила Србите е безобразна

0
547

Шефот на српската дипломатија Ивица Дачиќ изјави дека е „безобразна“ изјавата на хрватската претседателка дека операцијата „Олуја“ пред 21 година ги „растоварила Србите“.

„Изјавата на хрватската претседател Колинда Грабар Китаровиќ дека Олуја е етички чиста победа и дека таа ги растоварила Србите од стегите на големосрпските проекти претставува показател дека за Хрватска е етички чисто да се убијат неколку илјади Срби и да се протераат над 220.000 луѓе“, се вели во соопштението на Дачиќ.

Според него, вистински безобразлук е да се каже дека „Олуја“ ги растоварила Србите.

„Како? Со тоа што им ги одзеде животите, што останаа без куќите и становите, нивите и шумите, без пензиите, што беа протерани од земјата на татковците и дедовците? И од кого ги ослободуваа тие градови и села кога апсолутно мнозинство беа Србите?“, истакна Дачиќ.

Тој укажа дека „Олуја“ била најголемото етничко чистење во Европа по Втората светска војна и потсети дека според пописот на населението, Срби во Хрватска во 1931 година имало 18,45 отсто, а во 2011 година само 4,36 отсто.

„Срби во Хрватска според пописот во 1991 година имало 581.663, а 20 години подоцна во 2011, по „Олуја“ и другите етнички чисти акции, како што вели хрватска претседателка, само 186.633. Каде исчезнаа 400.000 Срби за 20 години?“, праша Дачиќ.

Според него, наместо да изразат чувство на вина и сочувство, Хрватска се гордее со тоа, што го покажуваат говорите во Книн и усташките извици  – во градот во кој Србите во 1991 биле 80 отсто од населението.

„Конечното решение за српското прашање – третина да се протераат, третина да се убијат, третина да станат католици, што била идејата на Миле Будак, усташкиот министер во нацистичка НДХ, Србија никогаш нема да го прифати, колку и да се крие Хрватска зад ЕУ и НАТО“, изјави Дачиќ.

www.mkd.mk