Излета автобус кај Велес, најмалку 15 повредени

0
1108

Автобус попладнево излета од патот Велес-Скопје и се преврти во провалија неколку километри по патарината кај велешкото езеро. Според очевидци, имало околу дваесетина повредени патници.

Кон местото на несреќата се упатени амбулантски, полициски и противпожарни возила.

Медиумите неофицијално јавуваат дека се работи за автобус со скопски регистарски таблички кој попладнево се враќал од Грција.

Од 19:30 часот Сообраќајот на Автопатот Велес – Скопје од Штипската клучка е затворен за сите патнички и товарни возила поради сообраќајна незгода – превртен автобус. Се очекува патниот правец да биде затворен во наредните неколку часа.