Излетал од патот и се превртил в нива

0
1041

На 16.04.2016 година околу 22,40 часот во Битола на ул.„16“ случена е сообраќајна незгода во која З.С.(44) од Битола управувајќи ПМВ„Форд Мондео“ со битолски регистерски ознаки излетал од патот и се превртел во нива. Во незгодата возачот се здобил тешки телесни повреди (фрактура на клучна коска), кој по укажаната лекарска помош во КБ-Битола бил пуштен на домашно лекување. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР-Битола и се работи на целосно расчистување на случајот.

Без коментари

LEAVE A REPLY