Излетал од патот и загинал

0
1774

На регионалниот пат с.Горно Алгарци – с.Добромири, битолско, се случила сообраќајна незгода во која Р.М. (43) од с.Горно Агларци, управувајќи патничко возило „Форд Фокус“ со битолски регистарски ознаки, од засега непознати причини, излетал од патот. Возачот на возилото Р.М. починал на местото на настанот. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Битола.