Излетал од патот во провалија од 150 метри

0
715

Автомобил „фиат линеа“ излетал од автопатот Скопје – Велес, на два километра од наплатната рампа Сопот, кај местото Клисура, и паднал во провалија длабока 150 метри.

Возачот починал на самото место, а неговото тело, поради непристапноста на тертеност, го извлекле припадници на специјалните единици на МВР.

Причините за излетувањето на автомобилот со скопски регистерски таблички дополнително ќе бидат утврдени, а телото на починатиот возач е предадено на судска медицина на вештачење.